Утрински Весник
Македонија

Се бара пленарна седница да се види дали 80 пратеници за уставни измени, па да се распушти Собранието

Ковачевски: Ја реструктуиравме македонската економија

Пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ побара да се закаже пленарна седница со две точки на дневен ред. Тој потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ гласаше против промена на Уставот, а за време на седницата на Комисијата за уставни прашања.

dobivaj vesti na viber

„Да се провери дали мнозинството има 80 пратеници или двотретинско мнозинството за уставни измени. Кога ќе се констатира дека нема да преминеме на втората точка: Распуштање на Парламентот и одржување предвремени парламентарни избори“, напиша Стојаноски.

На Комисијата за уставни прашања експозе имаа сите претставници на политички партии и премиерот Димитар Ковачевски. Пратениците од опозицијата гласаа против дневниот ред и точките кои се најдоа на комисијата, а ВМРО-ДПМНЕ побара веднаш да се премине на гласање за уставните измени без да се губи време. Ковачевски порача дека ова е историска шанса за Македонија и дека ако не се изгласаат измените – приказната за влез во ЕУ застанува.

Можете да прочитате

Вчера уапсени шест возачи низ државата

И во сабота ќе може да се вади полномошно за патување на малолетници во странство

Пијан маж во Дебар возел без возачка, направил сообраќајка па нападнал полицајци