Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) Без уставни измени запира патот кон ЕУ, тоа ќе влијае на односите со САД, но не сум тука да ве убедувам, им порача Ковачевски на пратениците

(Видео) Без уставни измени запира патот кон ЕУ, тоа ќе влијае на односите со САД, но не сум тука да ве убедувам, им порача Ковачевски на пратениците
Img 7972

Премиерот Димитар Ковачевски од Собранието им укажа на граѓаните да не се плашат од измената на Уставот и вметнување на Бугарите и другите народи во Преамбулата. Тој укажа дека уставните измени не се под никаква уцена, ниту диктат.

dobivaj vesti na viber

„Ние не треба да ја пропуштиме оваа шанса за Европа. Еднаш тоа се случи кога се одвоивме од Хрватска. А дали ќе се случи пак годинава, вие во Парламентот ќе одлучите. Европските претставници предупредуваат дека постои ризик од одвојување на Северна Македонија и Албанија, ако пред крајот на годината не се усвојат уставните измени. Тоа значи дека тие не се диктат туку дел од преговарачката рамка со ЕУ“, кажа Ковачевски.

Тој ги убедуваше пратениците дека ЕУ не се меша во идентитетските прашања и дека ништо од уставните измени не задира во нив. Според премиерот, промената на Уставот носи само добрососедски односи.

Во својот говор се осврна и на европските фондови до кои пристап ќе има Македонија. Пратениците ги убедуваше да гласаат и да ги донесат измените, бидејќи ќе се отворат големи фондови кои ќе донесат просперитет за државата.

„Покрај придобивките, мора да ги имаме и пораките од нашите стратешки партнери. Од ЕУ пораките се дека пристапните преговори ќе запрат ако уставните измени не поминат, и дека другите земји ќе одат напред, а нашето членство ќе биде одложено. Тука е укажувањето дека ако Северна Македонија одлучи против уставните измени и се тргне од патот кон ЕУ, тоа ќе биде многу загрижувачки чекор за членките на НАТО и ќе има влијание врз односите со САД“, кажа Ковачевски.

На првото гласање, ќе се види кој за кого гласа, посочи премиерот. Според него, ако се гласа „против“ тоа е поради личен интерес, а „за“ е глас за ЕУ.

„Верувам дека овој парламентарен состав има демократски капацитет за автентични демократски одлуки, кои ќе ја постават Северна Македонија на европскиот пат. Најважниот политички избор ќе го направи овој парламентарен состав – или ќе бидеме сите победници, или сите губитници, без разлика на изборниот резултат идната година. Овде не сум да убедувам, овде сум за да посочам на стратешката шанса и да повикам на разум“, додаде Ковачевски.

Тој повика на дебата со аргументи.

Можете да прочитате

Алејата на ангелите во Кочани повторно зборува без зборови

Николоски од Охрид: Кирил Пецаков ќе има историски најголема победа

Филипче од Струмица: Даскаловски е човек од теренот, СДСМ се враќа и ќе победи