Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ВМРО-ДПМНЕ: Возилото на Груби кое беше запалено пред неговиот дом не е пријавено во анкетен лист, тоа е клучното во овој скандал

(Видео) Блиски луѓе на Груби трупаат милионски бизниси и имот, тврди ВМРО-ДПМНЕ
Img 7972

Возилото на Груби кое беше запалено пред неговиот дом не е пријавено во анкетен лист. Тоа е клучното во овој скандал, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

„Приказните дека позајмувал, возел автомобили од пријатели, многу сакал возила од таа марка и слично нека ги чува за пред неговите поддржувачи и нека не се надева дека некој му верува.

Груби да каже зошто е толку многу задоволен од брзата реакција на безбедносните инстотуции, но заборави да им објасни на граѓаните зошто е Груби привилегиран и ужива вакви поволности додека граѓаните молат за правда. Како сите институции се ставиле во погон за возило кое не е во негова сопственост и зошто толку важност се дава на случај ако не е мотивиран од криминални зделки?

Груби и ДУИ се разобличени, немаат ниту една причина да се правдаат, останува да одговараат“, се додава во соопштението.

Можете да прочитате

Запленета дрога на автопатот Скопје-Велес

Хеско: ДПМНЕ не направи ништо за Велес, време е да им го вратиме градот на граѓаните

Филипче од Велес: Борбата на СДСМ е за достоинствен живот на работниците, на младите и пензионерите