Утрински Весник
Свет

Чанта полна со пари пронајдена во продавница за половни производи во Лимбург

Чанта полна со пари пронајдена во продавница за половни производи во Лимбург

Полицијата се уште чека да се јави сопственикот на чантата со 22.650 евра, која ја понудила продавница за половни производи во градот Лимбург.

dobivaj vesti na viber

Вработените во продавница која нуди половни производи ги пронашле парите додека ја проверувале торбата пред продажбата, пишува „Brussels Times“.

Нејасно е како никој порано не ги нашол парите, односно како се случило од 20 јуни кога чантата била донесена во продавницата да не биде прегледана.

Работникот Михиел Вацел рече дека девет од 10 торби испорачани во продавницата се празни.

„Меѓутоа, оваа чанта беше полна со банкноти, од 50 до 500 евра. Не можев да верувам кога ги видов. Мислев дека се лажни пари. Го известив менаџерот, а потоа дознавме дека се работи за 22.650 евра“, изјави Вацел.

Од локалната полиција посочуваат дека досега никој не се јавил за парите.

„Парите и чантата се под заштита според упатствата на обвинителството“, соопштија од полицијата, пренесува „РТС“.

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет