Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Го осудуваме вандалскиот чин врз возилото на портпаролката на ДПМНЕ

Искршен автомобилот на портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева

СДСМ го осудува вандалскиот чин врз возилото на портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, чиј автомобил утрово беше демолиран. Партијата ги повика надлежните институции целосно да го расчистат случајот.

dobivaj vesti na viber

„СДСМ го осудува вандалскиот чин на демолирање на автомобилот на портпаролката на ДПМНЕ, Марија Митева.

Секој чин на вандализам, насилство или уништување приватна сопственост е неприфатлив и недозволив, спротивен на вредностите на нашето македонско демократско општество.

Очекуваме и ги повикуваме сите надлежни институции да го расчистат случајот, сторителите да бидат откриени и да понесат одговорност во согласност со законите“, велат од СДСМ.

Можете да прочитате

Затворени гласачките места во Брвеница

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти

Приведени 25 возачи, 12 возеле без положен возачки испит, 11 под дејство на алкохол, а двајца со активна забрана