Утрински Весник
Свет

Однесувањето на Путин покажува дека е загрижен, велат од Иститутот за војна

Однесувањето на Путин покажува дека е загрижен, велат од Иститутот за војна

Рускиот претседател Владимир Путин направи неколку значајни симболични гестови за време на неговата вчерашна средба со Александар Лукашенко, соопшти Институтот за проучување на војната во својот најнов извештај.

dobivaj vesti na viber

Путин го одведе Лукашенко да го посети Кронштат во Санкт Петербург, историски значајната тврдина, каде што руските војници и морнари водеа неуспешен антиболшевички бунт на почетокот на 1921 година, кој на крајот беше уништен од советската влада.

Состанокот, според институтот, сугерирал дека Путин се обидел да проектира моќ и доверба во сопствената надмоќ над фракцијата поврзана со Евгениј Пригожин со седиште во Санкт Петербург. Путин и Лукашенко го посетија Кронштад со гувернерот на Санкт Петербург, Александар Беглов, и помладата ќерка на рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, Ксенија.

„Беглов и Шојгу се лични непријатели на Пригожин, а јавната средба на Путин со Беглов, ќерката на Шојгу и со Лукашенко на историската основа на неуспешното востание во Кронштат речиси сигурно имаше цел да ја сигнализира надмоќта на Путин и неговите лојални кадри по вооружениот бунт на Пригожин“, велат од Институтот.

Аналитичарите забележаа дека Путин се трудел да се фотографира со голем број локални руски граѓани, вклучително и деца, додека бил во Кронштат.

„Веројатно, за да се претстави како популарен и сакан лидер меѓу рускиот народ, се фотографира со народот. Овие симболични гестови покажуваат дека Путин е загрижен за својата согледана популарност, безбедноста на неговиот режим и за низата фракции, кои се борат за власт во горните кадри на руската администрација“, заклучува институцијата.

Можете да прочитате

Нови податоци: Најмалку 55 лица загинаа во пожарот во облакодер во Хонг Конг (ВИДЕО)

ЕП: Минималната возраст за пристап до социјални мрежи и вештачка интелигенција треба да биде 16 години

Судија во Џорџија го отфрли случајот за мешање во изборите во 2020 година против Трамп