Утрински Весник
Македонија

Гужвите по границите се само потврда за нехуманиот однос на Спасовски кон граѓаните и вработените, реагира Чулев

Гужвите по границите се само потврда за нехуманиот однос на Спасовски кон граѓаните и вработените, реагира Чулев

Екс министерот на МВР Наќе Чулев вели дека поради километарски колони на граничните премини Богородица и Табановце, граѓаните се задржуваат и по неколку часа. Според него овие гужви се само потврда за нехуманиот однос на министерот  за внатрешни работи Оливер Спасовски кон граѓаните и вработените.

dobivaj vesti na viber

„Новите биометриски документи треба да се заменат најдоцна со следната година, за закажување на личен документ се чека речиси два месеци“ вака секојдневно изгледаат првите и ударни вести во медиумите. На повеќе од 40 степени и екстремно жешко време, патниците кои патуваат кон Грција и Србија, заглавуваат и по неколку часа на граничните премини од македонска страна, а граѓаните кои треба да извадат нови документи, за закажување чекаат повеќе дури и по два месеци. Подигнувањето во просториите на управните служби трае и по неколку часа. Многу бирократија и непотребни административни процедури“, вели Чулев.

Според него гужвите, редиците, нервозата и создавањето метеж се само уште една потврда за нехуманиот однос кој Оливер Спасовски и раководството околу него го имаат кон граѓаните на Македонија, но и кон вработените во Министерството за внатрешни работи.  Како што вели тој, потребни се нови инвестиции и целосна реорганизација, како би се намалил притисокот врз вработените и би се овозможила подобра и поквалитетна услуга и со тоа и побрз проток и помалку нервози за граѓаните.

„Идната влада предводена од ВМРО ДПМНЕ ќе инвестира во нова организација и децентрализација, подобра инфраструктура, поголем број и соодветно обучен кадар на граничните премини, управните служби и останатите служби во МВР кои директно работат со граѓаните. За побрз проток на возила, најоптеретените гранични премини ќе се прошират со нови ленти, и во летниот период ќе се алоцира поголем обучен граничен персонал. Управните служби целосно ќе се реорганизираат, дигитализираат и децентрализираат, при што дел од документите ќе се издаваат електронски со дигитален потпис. Дополнително, ќе се отворат многу нови станици за издавање лични документи по општините, во Скопје и внатрешноста, граѓаните шест месеци пред истекот на личниот документ со порака ќе бидат информирани за датумот кога тој истекува, а ќе има можност пасошите, личните карти и возачките дозволи да се доставуваат по службена пошта“, истакнува Чулев.

Чулев посочува дека овозможувањето на подобра, поквалитетна и побрза услуга ќе бидат една од главните сегменти на кои ќе биде ставен фокусот за идниот развој на полицијата и Министерството за внатрешни работи.

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово