Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Попова Шапка стаса до 25 степени, Демир Капија дури 42 степена

Попова Шапка стаса до 25 степени, Демир Капија дури 42 степена
Img 7972

Топлиот бран продолжува во Македонија со температури 25 Попова Шапка, 30 Крушево, 31 Маврови Анови, 33 Берово, 34 Претор, 35 Охрид, 36 Крива Паланка, Прилеп, 37 Тетово, 38 Струмица, Битола, Виница, 39 Гевгелија, 40 Скопје-Петровец, Штип, Скопје–Зајчев Рид, 41 Кавадарци, 42 Демир Капија, Велес.

dobivaj vesti na viber

Денеска времето сончево и многу топло, дуваше слаб до умерен ветер кој од пладневните часови претежно беше од западен правец. Доцна попладне ветерот засилува во прилепско и во штипско.

И до крајот на денот ќе остане сончево и топло со мала локална облачност на североистокот и со слаб до умерен ветер од западен до северозападен правец.

И утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер кој во западните делови ќе е западен, а вдолж Повардарието северозападен. Во североисточните делови од средината на денот ќе има услови за краткотрајна нестабилност со појава на пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 34 до 42 степени. UV=10

Во Скопје сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 39 степени.

До среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури и со висок УВ индекс. Особено топло ќе биде денес и во вторник и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.

Можете да прочитате

Почнува постепената имплементација на Системот за влез/излез во Шенген зоната

Променливо облачно со сончеви периоди

Мицкоски: Нема предавство со Бугарија!