Утрински Весник
Економија

СДСМ ја зголеми просечната плата за 59%, а ДПМНЕ само 9%, голема разлика

Фалсификувале 100 и 1000 денари со скенер-принтер

СДСМ за шест години ја зголеми просечната плата за околу 59 отсто, или за шест ипол пати повеќе од владата на Груевски и ДПМНЕ, во чие време просечната плата порасна за само 9 отсто, велат СДСМ во соопштение до јавноста.

dobivaj vesti na viber

Просечната плата во мај годинава изнесува 36 465 денари.

За шест години од 2017 до 2023, просечната плата во државата пораснала од 22 889 денари на 36 465 денари, или за 13 576 денари, што е за 59 отсто повеќе во споредба со растот на просечната плата на претходната влада ДПМНЕ. Во времето на ДПМНЕ, исто за шест години просечната плата била зголемена за само 9 отсто. Разликата е голема, велат од СДСМ.

Можете да прочитате

„И Здравје и Работа“: Европа ги забрзува постапките за критични минерали, Македонија треба да го искористи потенцијалот на Иловица

СДСМ: Огромни долгови, владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

Азески: Државата со поголем БДП, компаниите со поголем профит, граѓаните со повисок стандард