Се предвидува дека туристичките плажи ќе се намалат во големина до 2100 година како резултат на климатските промени, од Скарборо во Велика Британија до Клирвотер во Флорида.
Новите предвидувања се однесуваат на песочни плажи низ светот кои ќе се преполоват во следните децении.
Листата се заснова на податоците на Европската комисија кои ги идентификуваат плажите кои се соочуваат со зголемување на нивото на морето и ерозија.
Нигериската „Лендмарк“ во Лагос е број еден на листата. Се предвидува дека ќе се намали во големина за неверојатни 918 метри.
Лендмарк плажата во Лагос, Нигерија (Западна Африка)
На Британските острови, плажите кои ќе се намалат најмногу до 2100 година се заливот Сент Брелејд во Џерси (214 метри), а потоа следи плажата Скарборо во Јоркшир (146 м.).
Во САД, највеќе ќе се намали плажата Клирвотер во Флорида (193 м.), ставена е на 18 место на листата. А во регионот на Пацификот, се предвидува дека австралиската плажа Менли ќе се намали за 161 м.
По плажата Landmark во првите пет светски плажи, на второ место е плажата Мекензи, во Ларнака, Кипар со намалување од 661 метри, додека Spiaggia La Cinta во Сардинија е трета, со намалување за 514 метри.
Остатокот од првите пет, на четвртото место е Праја да Коста до Сол во Мозамбик (453 м) и петта е плажата Куаката во Бангладеш (361 м.)