Утрински Весник
Македонија

Нови пожари: Гори во Куманово и Штип, запалена е сува трева

ЦУК: Пожар кај бензинската пумпa во Скопје, гаснат и мештаните

Нови пожари избувнаа денес во Куманово и во Штип, каде според информациите, запалена е сува трева.

dobivaj vesti na viber

Регионалниот ЦУК Куманово известува, според информацијата на Tериторијалната противпожарна бригада Куманово, за пожар на отворено на улицата Ѓуро Поштар, каде што гори сува трева и стрниште.

Пожарникарите на Територијалната противпожарна единица ТППЕ Куманово интервенираат од 13.52 часот со 1 ПП возило и три пожарникари и екипата се уште е на терен.

Регионалниот ЦУК Штип ја пренесува информацијата од пожарникарите од ТППЕ Штип, дека во 13:00 часот имале дојава за пожар на запалена сува трева во близина на турски гробишта во град Штип. Екипата пожарникари е излезена со едно теренско возило и со едно ПП возило и со 7 пожарникари.

Можете да прочитате

Затворени гласачките места во Брвеница

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти

Приведени 25 возачи, 12 возеле без положен возачки испит, 11 под дејство на алкохол, а двајца со активна забрана