Утрински Весник
Македонија

Белчева: За 60-годишнината од земјотресот Центар ги почести „Рамстор“ и КАМ, може да пораснат до 23 метри во висина

Белчева: За 60-годишнината од земјотресот Центар ги почести „Рамстор“ и КАМ, може да пораснат до 23 метри во висина

На паркингот на ТЦ„Рамстор“ може да се изгради нова зграда висока 23 метри, а новиот објект на „КАМ“, кој е во истата линија во планот, може од сегашните 16 метри да порасне до 23 метри во висина, односно да добие уште два ката. Вакви измени на планот Стара железничка вчера изгласа Советот на Општина Центар, а „Шанса за Центар“ уште веднаш реагираше дека планот е донесен „шверцерски“ и дека советниците од СДМ и од ВМРО-ДПМНЕ заеднички изгласаа нова бетонизација на центарот на Скопје.

dobivaj vesti na viber

Новиот план дозволува на паркингот кај ТЦ„Рамстор“ да се изгради целосно нов објект, висок 23 метри

„Во пресрет на 60-годишнината од земјотресот Општина Центар ги почести ‘Рамстор’ и ‘КАМ’. Уште еднаш Советот на Центар го стави интересот на инвеститорите над јавниот интерес. Од оваа нова бетонизација последиците ќе ги трпиме сите, а профитот ќе оди само кај одредени. Веќе немаме институции кои ќе го заштитат јавниот интерес, ќе внимаваат на квалитетот на животот и ќе го заштитат јавното добро“, вели советничката Јана Белчева од „Шанса за Центар“ за „Макфакс“.

Таа нагласува дека не само советниците кои гласаа за новиот план туку и сите останати институции кои дозволиле ваквиот план да стигне до седница на Советот се виновни за бетонизацијата и не водат сметка за квалитетот на живот. Секоја институција одделно можела да не даде согласност и да го спречи планот.

КАМ може да си догради уште два ката на сегашниот објект и да биде висок 23 метри

„Иронијата да биде поголема, во документот кој се однесува на Заштита и спасување од урнатини, се вели дека објектите се високи 10,3м; планерката вели дека се 21м, а во измените на планот изгласани вчера се вцртани објекти со висина од 23м. Веруваме дека не се работи за превид или техничка грешка, туку намерна конфузија за да се отвори простор за профитерите-моќници кои очигледно имаат поддршка од оние кои треба да носат одлуки во корист на жителите на општината и заедницата. На овој начин, политичко-профитерската спрега вметна нови 15.000 м2 површина во планот. Резултатот ќе биде концентрација на моќ и заработка кај малкумина, а на штета на градот и неговите жители. Планот поминал со позитивно мислење од Дирекција за заштита и спасување и од Министерство за транспорт и врски, очигледно со затворени очи. Шанса за Центар заклучува дека одговорноста во овој систем не постои, а човечкиот живот губи вредност секој миг“, велат од „Шанса за Центар“.

Општина Центар почна подготовка за измена на овој план за да се реши само потребата на жителите на аголот меѓу улиците Јордан Мијалков и Водњанска, но како што нагласуваат од „Шанса за Центар“ уште еднаш победи инвеститорскиот урбанизам и со интервенции од повисоко се задоволи алчноста на малкумина.

Со новиот план додадени се 15.000 квадратни метри површина, која во превод значи многу милиони евра заработени од деловен и станбен простор.

Против новите бетонски чудовишта „Шанса за Центар“ најави дека ќе ги искористи сите правни и административни механизми кои им се на располагање. Ќе се обиде да ја спречи реализацијата на измените за кои, пред јавноста лутите политички противници СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, нашле заеднички јазик.

Можете да прочитате

Тошковски: Договорено взаемно признавање на возачките дозволи со Обединетите Арапски Емирати

Сообраќајот кон Пониква и кон село Бели се одвива по една коловозна лента

Четврти Меѓународен форум на креативни индустрии во Скопје