Утрински Весник
Магазин

(Видео) Видена е ретката риба на судниот ден – се верува дека е знак за природни катастрофи

(Видео) Видена е ретката риба на судниот ден – се верува дека е знак за природни катастрофи

Во длабокото море во близина на брегот на Тајван кај Тајпеј нуркачите виделе голема ретка риба за која се верува дека е предвесник на земјотреси и други природни катастрофи.

dobivaj vesti na viber

Ова ретко морско суштество било забележано од нуркачи во близина на округот Руифанг.

Тие известија дека рибата била долга околу два метра, што не е многу бидејќи максималната должина може да ѝ достигне 15 метри.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aclassic (@_aclassic)

Оваа необична риба е наречена риба на судниот ден, но нејзиното вистинско име е риба појас или регалекус глесне.

Тоа е ретка риба, која се храни со планктони.

Според снимката, рибата има неколку дупки на телото за кои се претпоставува дека се траги од каснување од ајкула.

„Нуркав со група и веднаш ја препознавме т.н. земјотресна риба. Тоа беше многу посебна средба бидејќи никогаш во животот не сум ја видел со свои очи“, изјави еден од нуркачите за „Индипендент“.

Се верува дека ова необично и ретко морско суштество предвидува земјотреси и други природни непогоди бидејќи се приближува до брегот пред цунами и други катастрофи. Сепак, науката сè уште не ја потврди оваа теорија.

Можете да прочитате

Ѕвезден судар утре: Некои знаци ќе блеснат, други ќе паднат под притисок – кој е на удар?

Овој мал утрински ритуал може да ве ослободи од сите грижи – утре го славиме светителот со златна уста

Веднаш отстранете ги овие пет работи од вашата бања – пред да се разболите