Утрински Весник
Магазин

Италијански раскош: Дони Јен и сопругата ги обновија брачните завети на 20. годишнина

Италијански раскош: Дони Јен и сопругата ги обновија брачните завети на 20. годишнина

Во подножјето на Алпите во северна Италија се наоѓа езерото Комо, со живописен поглед и романтични пејсажи.

dobivaj vesti na viber

Ова место е омилено на многу парови, вклучувајќи ја и филмската ѕвезда од Хонг Конг, Дони Јен и неговата сопруга модел Сиси Ванг.

Познатиот кунгфу актер ја сподели веста во објава на „Веибо“.

Не е изненадување што Дони (59) и Сиси (42) одржаа церемонија за да ги обноват своите завети таму, 20 години откако се венчаа во 2003 година.

„Времето секогаш лета несвесно, а јас и мојата драга сопруга Сиси сме рака под рака веќе 20 години“, напиша Дони во својата објава. „Ти благодарам што си полна со љубов, љубезна, нежна и, што ме придружуваш во текот на животот и што си мој најсилен поддржувач.“

Во прилог на објавата има фотографии направени на раскошната церемонија, која се чини дека се одржала во вилата Балбијано, која неодамна стана позната како сценографија во филмот „Куќата Гучи“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста