Со изобилни природни ресурси, вклучувајќи различни минерали, како и огромни можности за инвестирање, и секако, талентирани луѓе, Јужноафриканската Република е една од најбогатите земји во Африка.
И покрај фактот дека на листата најбогати луѓе во Јужна Африка, како и на светската листа, доминираат мажи, некои жени собрале доволно богатство да го заслужат своето место меѓу мажите.
Ова се петте најбогати жени во Јужна Африка, вклучувајќи краток опис на она што го работат и нивната нето вредност.
Мамфела Алета Рамфеле е супержена: лекарка, успешна деловна жена, активистка и политичарка. Таа е ко-основач на ReimagineSA и моментно работи како ко-претседател на „Клубот на Рим“. Таа е и управник на фондацијата „Нелсон Мандела“. Рамфеле беше првата Јужноафриканка која стана вицеканцелар, а работеше и како проректор на Универзитетот во Кејп Таун помеѓу 1996 и 2000 година.
Нхланила Мјоли-Мнкубе е позната јужноафриканска деловна жена. Таа е извршен директор на „Мјоли дивелопмент компани“ и „Езико инвестментс“. Работи во неколку компании кои котираат на берзата во Јоханесбург. Нејзината нето вредност е проценета на околу 94 милиони рани, што ја прави една од најбогатите жени во Јужна Африка.
Џуди Дламини е деловна жена, авторка и актуелна проректорка на Универзитетот во Витвотерсренд.
Таа е основачки претседател на Мбекани групацијата, а претходно беше претседател на управниот одбор на „Аспен фармкеар холдингс“. Таа е исто така една од најбогатите жени во Јужна Африка, со проценета нето вредност од околу 124 милиони ранди. Во 2020 година, магазинот „Форбс“ ја стави на листата 50 најмоќни жени во Африка, а во2022 година, на листата 50 водечки жени на глобално ниво.
Шон Мхизе е успешна деловна жена и телевизиска личност. Шон Мхизе има проценета нето вредност од околу 300 милиони ранди. што ја прави една од најбогатите жени во Јужна Африка.
Голем дел од нејзиното богатство произлегува од инвестиции во рударството, градежништвото и индустриите за чистење преку нејзината групација „Зикулисе“. Мхизе е и сопственик и на „Ројал АМ ФЦ“.
Брижит Радебе е моментно најбогатата Јужноафриканка, таа е и сестра на најбогатиот Јужноафриканец Патрис Моцепе.
Брижит, која е актуелна претседателка на Јужноафриканската асоцијација за развој на рударството, беше една од првите јужноафрикански жени кои поседуваа и управуваа со рудници во земјата, а во оовој бизнис е од 80-тите.
Таа е основач и извршен директор на Mmakau Mining Ltd, рударска компанија во сопственост на африканци со интереси во злато, платина, ураниум и јаглен. Има добиено неколку престижни награди и признанија за нејзината работа како извонреден претприемач и лидер, вклучително и неколку статии во „Форбс“.
Нето вредноста на Брижит Радебе е проценета на околу 1 милијарда ранди.