Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Ковачевски-Филибек: Иднината на Македонија е во ЕУ, целосна поддршка од ПЕС за претстојните процеси

Ковачевски-Филибек: Иднината на Македонија е во ЕУ, целосна поддршка од ПЕС за претстојните процеси
Img 7972

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски се сретна со извршниот генерален секретар на Партијата на Европските Социјалисти (ПЕС), Џакомо Филибек. На средбата се дискутираше за актуелните состојби и предизвици во државава, како и за претстојните процеси, соопштија од владиниот кабинет.

dobivaj vesti na viber

„Извршниот генерален секретар на Партијата на Европските Социјалисти, Филибек ги поздрави конкретните чекори на Владата во насока на исполнување на евроинтеграциските цели. При тоа, извршниот генералниот секретар на ПЕС, Филибек ја пренесе целосната поддршка на Владата, како и сите напори кои ги презема со цел да се искористи понудената шанса за исполнување на стратешката цел-полноправното членство во ЕУ.

На средбата беше констатирано дека скрининг процесот на земјата се одвива со предвиденото темпо. Беше оценето дека спроведувањето на реформските процеси и постоењето на свесност од сите политички актери за непречено усвојување на уставните измени е неопходно како гаранција за да се обезбеди непречен влез во ЕУ бидејќи тоа е очекувањето на граѓаните“ соопштија од Владата.

Заеднички било констатирано дека иднината на Македонија е во Европската Унија и затоа не смее да се пропушти актуелната историска можност со којашто ќе се обезбеди поквалитетен живот за сите граѓани.

Можете да прочитате

Светски ден на менталното здравје: Мора гласно да говориме, да бидеме достапни за граѓаните за помош и превенција на психички нарушувања

ОЈО Битола вложи жалба за одлуката на судот двајца осомничени за јавните набавки во РЕК „Битола“ да одат во домашен притвор

ДИК одобри акредитации за меѓународни и домашни организации за набљудување на локалните избори