Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Пожарите земаат замав: Гори и во Куманово

Избувна пожар во прилепската текстилна фабрика „Тила“
Img 7972

Гори поголема површина на нискостеблеста шума во Кумановско. На терен се противпоожарни екипи кои се обидуваат огнот да го стават под контрола.

dobivaj vesti na viber

Како што наведуваат, регионалниот ЦУК Куманово во 16.50 часот извести дека добил информација од дежурниот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово дека со две противпожарни (ПП) возола и седум пожарникари од 14.50 часот се на терен и делуваат за гаснење на пожарот на отворен простор на локација во атарот на с. Селно Село, с. Брзак и с.Романовце.

Според информацијата од терен била опожарена поголема површина од сува трева, грмушки и житни култури.

Пожар се гасне и кај бензиската пумпа на „Окта“ во село Дељадровце, Скопско. Во гаснењето помагаат и мештаните со трактори, а гори нискостеблеста шума и друга ниска вегетација.

Можете да прочитате

Двајца уапсени по тепачка пред ресторанот „Дукат“ во Капиштец

Филипче: Тоа што СДСМ го создаде ДПМНЕ го руши, укинати здравствените услуги во Неготино

Почина момчето, кое со мотоцикл удри во џипот на пратеник од Левица