Утрински Весник
Свет

Што не треба да правите ако ве нападне ајкула

Што не треба да правите ако ве нападне ајкула

Ако знаете што точно да правите или што да не правите во случај на приближување ајкула, тоа би можело да ви го спаси животот, велат експертите со оглед на зачестените напади на ајкули од кога било досега.

dobivaj vesti na viber

Водечки морски биолог откри што не треба да правите ако некогаш се соочите со ајкула.

Со недамнешниот пораст на нападите на ајкули, кои се актуелни во светот, пливачите во одредени делови од Земјината топка стравуваат кога ќе влезат во водата.

Тоа е кошмар за луѓето, но што треба да направите ако видите еден од океанските ѕверови како доаѓа кон вас?

Па повеќе е прашање што не смеете да правите.

Експертот Рајан Џонсон објасни дека има една работа што апсолутно не треба да ви падне на памет ако сакате да преживеете.

„Ако наидете на ајкула додека сте во вода, најлошото нешто што можете да направите е да се однесувате како плен“, рече тој.

„Ако се однесувате како плен, тие веројатно ќе ве третираат како плен. Не паничете, не тресете се, не обидувајте се да избегате. Треба да се држите до своето место и да не мрднете. Важно е секој што оди во вода да биде едуциран за ајкулите. Тогаш кога ќе почнат да се појавуваат на чудни места, знаеме како да реагираме“, додаде биологот.

Научниците велат дека недостигот на помали риби е главната причина за појавување на ајкулите. Во последно време истражувачите наидоа на ајкули со намален црн дроб, што е знак за тешка неисхранетост. Затоа бараат да се спроведат мерки за забрана на риболов за повторно да се стабилизира бројката на помалите риби.

Според тоа, извештаите кажуваат дека некои од недамнешните напади би можеле да бидат предизвикани од гладни ајкули, кои биле принудени да ловат плен што вообичаено не би го јаделе.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години