Утрински Весник
Македонија

Три одделни тепачки вчеравечер во Тетово и Гостивар

Три одделни тепачки вчеравечер во Тетово и Гостивар

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер околу 22 часот ги лишиле од слобода 71-годишниот З.С. и 70-годишниот М.М. од тетовско Раотинце, кои претходно биле пријавени од 60-годишниот Љ.И. дека по меѓусебна расправија околу 15 часот и 30 минути физички го нападнале, извести СВР Тетово.

dobivaj vesti na viber

Во нападот, според пријавеното тие користеле дрвен предмет и огнено оружје. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.

Дваесет и двегодишниот гостиварец Б.Б. вчеравечер во 23 часот и 55 минути во СВР Тетово пријавил дека близу два часа пред тоа на улица „ЈНА“ во Гостивар физички бил нападнат од две лица, а поради недоразбирања во сообраќајот, соопшти СВР Тетово.

Шеесет и петгодишниот Ќ.Х. од Тетово вчера во 19 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 16 часот во близина на место викано „Бањиче“ физички бил нападнат од едно лице, кое го познавал, поради нивни нерасчистени односи. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Можете да прочитате

Николоски: Се надевам во новиот бран на оптимизам за проширување дека неколку поголеми и помоќни земји на ЕУ ќе се согласат и ќе извршат притисок врз Бугарија да не нè блокира

Николоски: Кога бевме опозиција отворив толку корупциски случаи, не може ова правосудство да не може да процесуира ништо

Битиќи: Власта ја ограничува мобилноста на граѓаните со високи трошоци за зелен картон