Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Уставните измени се многу важен чекор, но не и последен, порачува бугарскиот претседател Радев

Уставните измени се многу важен чекор, но не и последен, порачува бугарскиот претседател Радев
300x250 opst2

„Конечно, постигнат е напредок за гарантирање на правата на Бугарите во РСМ“, ова е одговорот на бугарскиот претседател Румен Радев на прашање на бугарски медиум околу постигнатиот договор за уставните измени во Владата во Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Ова е првиот многу важен и задолжителен чекор, но не и последен. Исклучително е важно да се исполнат барањата во двата потпишани протоколи од преговарачката рамка. Конечно се придвижи прашањето за гарантирање на уставната рамноправност на Бугарите во РСМ, коментирал Радев, пренесува „БТА“.

Шефот на бугарската држава посочил дека само партијата „Има таков народ“ ја поддржала неговата идеја дека вклучувањето на Бугарите во македонскиот Устав ќе биде задолжителен услов за нашата земја да ги започне преговорите за ЕУ.

Радев изразил загриженост поради тоа што бугарскиот парламент и влада не реагирале на резолуцијата усвоена од германскиот Бундестаг за поддршка на европскиот пат на РСМ, па како што кажал, морал да испрати писмо до европските лидери во кое инсистирал на бугарскиот став.

Според него, власта треба да вложи напори за следните чекори – јазикот на омразата, медиумите, учебниците, натписите во музеите, рехабилитацијата на репресираните итн.

Можете да прочитате

Хорор во Шведска: 14 годишно момче рани шест лица

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

Уапсен руски милијардер поради серија убиства