Утрински Весник
Свет

Трамп: Поднесоа ново обвинение против мене, очекувам да ме уапсат

Трамп: Поднесоа ново обвинение против мене, очекувам да ме уапсат

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е под понатамошна истрага и дека планираат да го уапсат поради немирите на 6 јануари во Капитол и неговите обиди да ги оспори резултатите од изборите во 2020 година. Тој на социјалните мрежи објави дека во неделата вечерта, обвинителот Џек Смит го известил дека е дел од нивната истрага и дека треба да се пријави пред Големата порота, што речиси секогаш значи апсење и покренување обвинение.

dobivaj vesti na viber

Ова би било трето кривично обвинение против Трамп. Имено, Смит и неговиот тим веќе го обвинија Трамп дека ризикува да открие национална тајна со тоа што земал илјадници доверливи документи со себе кога ја напуштил Белата куќа во јануари 2021 година и ги чувал тие документи на неовластен начин во неговата Мар-а-Лагу на Флорида и во неговиот голф клуб во Њу Џерси, пишува Би-би-си.

Овие документи содржат информации за тајната американска нуклеарна програма и потенцијалните ранливости во случај на напад, според обвинението од 37 точки. Во него се наведува и дека Трамп ги лажел службениците кои се обиделе да ги земат документите. Трамп е обвинет и за фалсификување деловни записи поврзани со исплати на ѕвездата на филмови за возрасни Сторми Даниелс.

Инаку Трамп е главен кандидат за републиканската претседателска номинација во 2024 година, со двоцифрена предност во анкетите пред неговиот главен ривал, гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис. Таа предност порасна во изминатите четири месеци и покрај објавувањето на обвиненијата. Трамп во повеќе наврати изјави дека политичките противници сакаат да го спречат неговото враќање во Белата куќа преку истраги и обвиненија.

Можете да прочитате

Македонец и двајца Срби убиени во Боливија: Телата биле спакувани во црни ќеси

Воз излета од шините во забавен парк во Британија, повредени 13 деца (ВИДЕО)

Први фотографии од телата завиткани во црни кеси по убиството во Боливија – 4 лица се уапсени