Утрински Весник
Македонија

(Видео) Пендаровски се сретна со претставници на Специјалната олимпијада на Македонија

(Видео) Пендаровски се сретна со претставници на Специјалната олимпијада на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски ги прими претставниците на Специјалната олимпијада на Македонија, кои учествуваа на Светските специјални олимписки игри, кои минатиот месец се одржаа во Берлин.

dobivaj vesti na viber

Пендаровски им честита на нашите олимпијци за постигнатиот успех и петте освоени медали, од кои еден златен, два сребрени и два бронзени. На олимпијадата во Берлин атлетичарот Агрон Хајредини во скок во далечина од место освои златен медал, а во истата дисциплина втора беше Јулијана Петровска. Во дисциплината пливање Стефан Трпковски освои сребрен медал на 100 метри грбно, а Марио Мицковски бронзен медал на трката на 100 метри слободно. Јане Никодиновски освои бронзен медал во бадминтон.

Потенцирајќи дека нивните резултати се наша национална гордост, претседателот Пендаровски им се заблагодари за достојното меѓународно претставување на државата. Истовремено, тој изрази поддршка за активностите и ангажманот на македонската Специјална олимпијада, која, вреднувајќи ги спортските квалитети, придонесува за инклузија и за реализација на индивидуалните афинитети на лицата со попреченост и атипичен развој.

На Светските специјални олимписки игри во Берлин учествуваа над 7.000 спортисти од 190 земји. Нашата Специјална олимпијада настапи со 19 атлети со атипичен развој во пет дисциплини: пливање, кошарка, бадминтон, атлетика и пинг-понг.

Можете да прочитате

М-НАВ им забрани влез на синдикалците додека вдомува партиски кадри

Краток летен здив за политичарите: Мицкоски во Хрватска, Муцунски во Турција, а Сиљановска активна во Охрид

Забраната за движење во шуми продолжена до крајот на август