Утрински Весник
Свет

(Видео) Уапсени 17 демонстранти во Израел: продолжуваат протестните собири за реформи во правосудството

(Видео) Уапсени 17 демонстранти во Израел: продолжуваат протестните собири за реформи во правосудството

Повеќе протестни собири почнаа денеска низ Израел како дел од „Националниот ден на отпорот“ против планираните реформи во правосудството, при што досега се уапсени 17 демонстранти, а една 40-годишна жена е повредена, пишува „Џерусалим пост“.

dobivaj vesti na viber

Израелските демонстранти денеска ги блокираа автопатиштата и се собраа во центарот на Тел Авив, на последните протести ширум земјата поради планираните реформи во судството на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

 

Жена била удрена од автомобил на автопатот 531 кај Ранана,  пренесена е во болница во критична состојба, додека полицијата го привела возачот на автомобилот кој удрил во жената.

Можете да прочитате

Доживотен затвор на сторителите на терористичкиот напад во концертната сала во Москва

Меѓународната поморска организација свика итен состанок за безбедноста на пловидбата во Ормускиот Теснец

ЕУ предлага инспекциска мисија за украинскиот гасовод „Дружба“