Утрински Весник
Свет

Драма на Јадранот: Два пара изнајмиле јахта во Хрватска, а потоа исчезнале од радарот

Драма на Јадранот: Два пара изнајмиле јахта во Хрватска, а потоа исчезнале од радарот

Два пара изнајмиле јахта во Хрватска на 8 јули, а на 14-ти вечерта им се изгубила секаква трага кога го исклучиле уредот за следење.

dobivaj vesti na viber

Последен пат биле видени кај Сивота во Грција, а кражбата во полиција ја пријавил сопственикот на јахтата, пишуваат регионалните медиуми.

Им изнајмив јахта. Станува збор за два пара. Тие се упатија кон островот Корчула, каде вечерта на 14 јули го исклучија уредот за следење и оттогаш се водат како исчезнати“, изјавил тој.

Како што опишал во изјавата, станува збор за скапа јахта „Hanse 588“ со сиви едра, вдлабната од десната страна.

Последен пат биле видени во близина на Сивота во Грција на 15 јули. Капетантот дал изјава во полиција и негира вмешаност во кражбата“, изјавил сопственикот на јахтата.

Тој додал дека хрватската полиција соработува со Грција и доколку некој има информации да ја извести полицијата.

Можете да прочитате

На Карлос Сантана му се слоши пред настап во Тексас, итно префрлен во болница

Експлозија во Москва, се запали автомобил

Светската велосипедска елита од 27 април до 4 мај ќе се собере на шеесеттата Претседателска трка во Туркије