Утрински Весник
Македонија

Меџити се прости од ДУИ: Отцепена е од реалноста, нема демократија, задушено е различното мислење

Меџити се прости од ДУИ: Отцепена е од реалноста, нема демократија, задушено е различното мислење

Изет Меџити ја искритикува ДУИ, откако го најави формирањето на нова партија. Тој за неговата, сега поранешна партија, кажа дека е оцепена од реалноста, внатре нема демократија, но и дека е задушено секое различно мислење. Тој кажа дека новата партија ја креира со активистите кои 20 години ја поддржувале ДУИ.

dobivaj vesti na viber

„Ние бидејќи долго време, во контуинитет и на конзинстентен начин, непоколебливо, сме го кренале гласот на разумот внатре во партиските органи, но и во јавност, за констатацијата дека ДУИ е отцепена од реалноста и од базата од каде се стекнува со мандатот, каде политичките одлуки станаа индивидуална сопственост, во тотален недостаток на внатрешна демократија, дебата и внатрепартиски консултации, тотално отсуство на отчетноста за работата на Владата и партиската политичка програма, нефункционалноста на организациониот живот на ДУИ, задушувањето на различното мислење, политичкиот реваншизам кон сите тие што го кренаа гласот против, кон сите тие што никогаш не се согласија со Отворен Балкан, бидејќи со двете нозе беше кршен статутот на партијата и се игнорираше волјата на структурата за време на внатрепартиските избори, каде што претседателите на ограноците беа наметнати и именувани од „горе“, како во времето на комунизмот, и не беa избрани од базата, ние денес ја известуваме широката јавност дека од денес започнуваме нов почеток!“, напиша Меџити.

Тој додаде: „Во широка консултација со активистите кои повеќе од 20 години нѐ подржуваат, но и внимателно слушајќи го гласот на независните граѓани, интелектуалците, бизнисмените, граѓанскиот сектор, спортистите, уметниците, поединци кои и не критикувале кога имало потреба, кои гласно говорат за сите незадоволства и економски проблеми со кои се соочува албанскиот граѓанин во Република Северна Македонија, ние од денес ги започнуваме подготовките за ново политичко Движење во земјава, која во нејзината суштина ќе негува внатрешна демократија и унапредување на статусот и правата на Албанците“.

Побара и поддршка.
„За реализација на ова, нам ни е потребна подршката од стручни лица, младите, волонтерите, искрените поддржувачи, затоа денес Ве покануваме за да ни се приклучите и да бидете дел на овa ново поглавје на политичкиот живот во Република Северна Македонија. Нашето искрено патување продолжува!“, напиша Меџити.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер