Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Продолжува отстранувањето на бесправно изградените објекти и узурпација на општина Бутел

Продолжува отстранувањето на бесправно изградените објекти и узурпација на општина Бутел
Img 7972

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски објави дека ќе продолжат со отстранување на бесправно изградени објекти на територијата на општината.

dobivaj vesti na viber

„Денес во населеното место Визбегово со поддршка од директорот на државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и МВР направивме дополнителен увид на улицата “Јадранска магистрала”. Во населеното место Визбегово изминатиот период по постапка од страна на општинските инспектори започна процес на отстранување на узурпациите долж улицата “Јадранска магистрала”.

Се додека јас сум градоначалник на Општина Бутел законите ќе важат за сите подеднакво, без отстапки! Без разлика граѓаните секогаш во мене ќе имаат заштитник и човек кој ќе го спроведува законот“ вели Костовски на Фејсбук.

Тој додава дека по предходна постапка на општинските инспектори дел од стопанствениците започнале процес на отстранување. Таму каде што нема да се почитуваат роковите Општина Бутел ќе пристапи кон отстранување, порача Костовски.

Можете да прочитате

МЛЕЧНАТА ИНДУСТРИЈА СО СИЛНА ГОДИНА: Вкупна добивка од 6,7 милиони евра

Мицкоски до Филипче: Кажи јавно што мислиш за Зоран Заев

Муцунски во Ирска на средба на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес