Утрински Весник
Свет
Img 7972

„Треба да им ги дигнат куќите во воздух“: Медведев за нападот на мостот на Крим

Медведев: Нашите непријатели тврдат дека ни недостасува оружје, морам да ги разочарам
300x250 opst2

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев денеска изјави дека искуствата, домашните и меѓународните, покажуваат дека „невозможна е борба против терористите со меѓународни санкции и заплашувања и дека тие го разбираат само јазикот на силата“.

dobivaj vesti na viber

„Затоа е неопходно да се разнесат куќите на терористите и куќите на нивните роднини, да се бараат и елиминираат нивните соучесници. Но, најважно е да се уништи највисокото раководство на терористичките формации, во какви пукнатини и да се кријат овие инсекти. Тешко е, но е изводливо“, рече Медведев на Телеграм, пренесува РИА Новости.

Лидерот на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) Денис Пушилин изјави дека украинските власти „сега терористичкиот напад на мостот на Крим го претставуваат како национално достигнување“.

„Тие се обидуваат да ги прикријат сопствените неуспеси со напади врз цивилното население и цивилната инфраструктура“, рече вршителот на должноста шеф на ДНР на Телеграм.

Две лица загинаа, а едно дете е повредено во нападот утринава на мостот на Крим, за кој Русија ја обвини Украина.

Можете да прочитате

Најмалку 15 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Индија

Поради израелската блокада на болниците во Појасот Газа бебињата делат маски со кислород

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија