Вчерашното финале на најпрестижниот гренслем, Вимблдон, го следеше и актерската двојка Рејчел Вајс и Даниел Крег.
53-годишната Рејчел и две години постариот Даниел актер познат по улогата Џејмс Бонд привлекоа внимание во елегантно издание на трибините.
Се чинеше како да беа многу заинтересирани за натпреварот и со големо внимание следеа сè што се случува на централниот терен, не обрнувајќи премногу внимание на фотографите.
Во еден момент ги поздравија принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, кои исто така го следеа финалето.
Рејчел и Даниел се многу таинствени кога е во прашање нивниот приватен живот, па многу фанови се изненадени кога ќе дознаат дека се во брак. Тие се венчаа во 2011 година, само половина година откако почнаа да кружат гласини за нивната љубов. И двајцата имаат деца од претходните врски, а заедно ја добија ќерката Грејс на крајот на 2018 година.