Утрински Весник
Свет

Протест во Приштина, организаторот непознат

Протест во Приштина, организаторот непознат

Попладнево во Приштина се одржува собир за поддршка на ветераните на Ослободителната војска на Косово (ОВК) и протест против актуелните политички настани на Косово и против носењето на Законот за минимална плата, во кој не се опфатени категории на население од војната.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Организацијата на воени ветерани, Фатон Клинаку, рече дека тие не се организатори, туку дека го поддржуваат протестот.

Тој најави дека и ветераните на ОВК одлучиле да ја нарушат работата на Собранието на Косово додека не се исполнат нивните барања, кога и да се на седница.

Денешниот протест е поддржан од дел од опозициските партии.

Ветераните на ОВК и опозицијата го обвинуваат владејачкото движење „Самоопределување“ дека се договорило со Српската листа да ги изземе ветераните од Законот за минимална плата.

Можете да прочитате

Украина изврши напад врз складиште за потрошено нуклеарно гориво

Иран во писмо до ОН ги нарече американските санкции „економски тероризам“

Уште еден нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина