Утрински Весник
Спорт

(Видео) Квјатковски со победа, Погачар се доближи до Вингегард

(Видео) Квјатковски со победа, Погачар се доближи до Вингегард

Поранешниот светски шампион, полскиот ветеран Михал Квјатовски победи на бруталната 13. етапа на Тур де Франс на искачувањето на Гран Коломбие, додека двократниот шампион, Словенецот Тадеј Погачар успеа да надополни 4 секунди од предноста на лидерот Јонас Вингегард.

dobivaj vesti na viber

Квјатковски стигна до соло победа на тешкото искачување, откако се одвои од водечката група на 11 километри пред крајот. Погачар успеа да забрза во последните 500 метри за да се одвои од Вингегард и заврши како трет зад Квјатковски и Максим ван Гилс, и сега има само 9 секунди зад Вингегард пред две тешки планински етапи на Алпите овој викенд.

„И без етапна победа, ова беше победа за мене во борбата за титулата. Тур де Франс е долга трка и мислам дека сум во добра позиција“, призна Словенецот.

Погачар загуби повеќе од една минута на 5. етапа на Кол де Мари Бланк и оттогаш е во офанзива да се врати во борбата со Вингегард.

Можете да прочитате

Стадионот во Приштина е премал да ги прими сите заинтересирани за дуелот Косово – Турција

ГРК Охрид попладнево му гостува на Олимпијакос во Атина во првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп

Кими Антонели победник на трката за Големата награда на Јапонија