Утрински Весник
Македонија

Загинаа двајца работници, изведувале градежни работи во тетовско Шипковица

Загинаа двајца работници, изведувале градежни работи во тетовско Шипковица

Денеска попладне, во СВР Тетово е пријавено дека две лица додека изведувале градежни работи во тетовското село Шипковица се здобиле со тешки телесни повреди од кои починале.

dobivaj vesti na viber

„Денес во 15 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавено е дека две лица додека изведувале градежни работи во тетовското село Шипковица, се здобиле со тешки телесни повреди од кои починале. Лекари од Итната медицинска помош констатирале смрт кај нив. Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово вршат увид и се утврдуваат сите поединости поврзани со овој случај”, соопштуваат од СВР Тетово.

Загинатите се 63-годишниот А.А. од тетовското село Селце и 50-годишниот Џ.Ц., државјанин на Република Албанија, според СВР Тетово.

На местото на несреќниот случај присутни се и тетовските пожарникари и претставници од Државниот трудов инспекторат.

Можете да прочитате

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта