Утрински Весник
Свет

Зетот на Трамп пред суд: тој верува дека победил на изборите во 2020 година

Зетот на Трамп пред суд: тој верува дека победил на изборите во 2020 година

Зетот и поранешен советник на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, на судењето за напорите на Трамп да ги поништи претседателските избори во 2020 година изјави дека се чини оти верува дека победил на изборите.

dobivaj vesti na viber

Кушнер е меѓу неколкуте сведоци што сведочеа пред големата порота во последните недели во врска со напорите на Трамп да ги поништи изборите во 2020 година.

Сведочејќи минатиот месец пред федералниот суд во Вашингтон, Кушнер рече дека неговиот впечаток е дека Трамп навистина верувал оти изборите во 2020 година биле наместени, објави „Њујорк тајмс“ цитирајќи лице запознаено со ова прашање.

Си-ен-ен, кој го потврди извештајот на „Тајмс“, објави дека поранешната помошничка на Трамп, Хоуп Хикс, исто така сведочела пред големата порота.

Други поранешни сојузници на Трамп веќе се појавија пред големата порота. Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс во април сведочеше седум часа зад затворени врати.

Американскиот јавен обвинител Мерик Гарланд минатиот ноември го назначи специјалниот советник Џек Смит да преземе две истраги на Министерството за правда, во кои е вклучен Трамп. Во еден случај Трамп беше обвинет за задржување и складирање доверливи документи откако ја напушти Белата куќа во јануари 2021 година. Трамп се изјасни за невин во тој случај.

Втората истрага се однесува на обидите за поништување на резултатите од претседателските избори во 2020 година, кои Трамп ги загуби од демократот Џо Бајден. Трамп, кој е фаворит во трката за републиканска претседателска номинација во 2024 година, се соочува со сè поголеми правни проблеми.

Обвинителите во Њујорк го обвинија во април во случај со наводно подмитување на порноѕвездата Сторми Даниелс во замена за нејзиното молчење за нивната наводна сексуална врска.

Министерството за правда оваа недела соопшти дека Трамп може да биде лично одговорен за изјавите на писателката Е. Џин Керол, која вели дека сексуално ја нападнал во средината на 90-тите. Трамп постојано тврдеше дека победил на изборите во 2020 година и дека победата на Бајден е резултат на измама.

Поддржувачите на Трамп упаднаа во Капитол на 6 јануари 2021 година во неуспешен обид да го спречат Конгресот да ја потврди победата на Бајден.

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата