Утрински Весник
Свет

Американската војска би можела да распореди до 3.000 резервисти во Европа

Американската војска би можела да распореди до 3.000 резервисти во Европа

Американското Министерство за одбрана во иднина би можело да активира до 3.000 резервисти за да ги распореди во Европа откако американскиот претседател Џо Бајден во четвртокот потпиша наредба за зајакнување на активните сили за спроведување на операцијата „Атлантска решеност“.

dobivaj vesti na viber

Американската војска ја почна мисијата по руската анексија на Крим во 2014 година, која го прекрши меѓународното право. Мисијата има цел да ги зајакне НАТО-сојузниците со распоредување борбено подготвени единици на ротациска основа на источното крило на НАТО.

Не станува збор за дополнителни сили, изјави за новинарите американскиот генерал-полковник Даглас Симс. Резервистите во иднина би можеле да ги преземат задачите што претходно ги извршувале војниците од активната единица.

Можете да прочитате

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури

Еден загинат, 11 повредени во судар на воз и туристички автобус во Русија