Утрински Весник
Македонија

Им ги врзувала рацете и нозете и така ги оставала во креветче: мајка од Гостивар обвинета за семејно насилство

Им ги врзувала рацете и нозете и така ги оставала во креветче: мајка од Гостивар обвинета за семејно насилство

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против жителка на Гостивар со престојувалиште во Скопје за две кривични дела – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 и две кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Од април годинава, 34-годишната обвинета како родител, со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување, ги запуштила и ги малтретирала своите две деца – едното родено 2017, другото 2019 година.

На децата им ги врзувала рацете, колената и стапалата со самолеплива лента и ги оставала да седат во таква состојба на стол или на нивните креветчиња додека била во станот. Со помалото дете комуницирала манифестирајќи вербална и физичка агресивност и не покажувала грижа за подобрување на неговата состојба, иако вештачењата извршени по наредба на јавниот обвинител утврдија дека станува збор за социјално и емоционално запуштено дете со психомоторната и психоцоцијалната зрелост под неговата реална возраст.

На 7 мај, при вршење семејно насилство, обвинетата телесно ги повредила своите деца. Додека остварувала видео повик на социјална мрежа со нејзиниот вонбрачен пратнер, видно вознемирена, започнала без никаков повод и причина да ги удира децата по нивните тела, со што им нанела телесни повреди – набиеници и подливи.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетата.​

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжување на реформскиот процес со јасни рокови и конкретни резултати

Лабовиќ: Постојат дилеми кај нашата правна елита, аналитичарите и експертите во смисла дека нема систем

Ивановска: По Кочани, ништо не се смени за една година системот остана ист