Утрински Весник
Магазин

Актерскиот тим на „Опенхајмер“ ја напушти премиерата во Лондон веднаш по повикот за штрајк

Актерскиот тим на „Опенхајмер“ ја напушти премиерата во Лондон веднаш по повикот за штрајк

Актерите на новиот филм на Кристофер Нолан, „Опенхајмер“, ја напушти лондонската премиера во четвртокот додека настанот беше во тек, во знак на солидарност со штотуку одобрениот штрајк на синдикатот на холивудските актери.

dobivaj vesti na viber

Нолан го потврди нивното заминување пред почетокот на прикажувањето на филмот на плоштадот Лестер Сквер во Лондон, пренесе магазинот „Вараети“.

Актерскиот тим на чело со Килијан Марфи, кој го портретира главниот лик Роберт Опенхајмер, како и Мет Дејмон, Емили Блант и Флоренс Пју, планираа ваков потег ако синдикатот на актерите САГ-АФТРА свика штрајк среде настанот.

„Разговаравме за тоа. Видете, ако повикаат на штрајк, сите ќе излезат во знак на солидарност. Веднаш по официјалната објава, ние си одиме“, изјави Дејмон за „Вараети“.

„Има многу луѓе овде што не сакавме да ги разочараме, но исто така сме целосно солидарни со нашите колеги и она што тие го прават,“ рече Кенет Брана, кој исто така глуми во филмот.

„Знам дека тие работеа напорно за да постигнат договор што се случува во критично време во нашата индустрија. Важно е да сме подготвени да застанеме рамо до рамо со нив додека се развива ситуацијата,“ додаде тој.

Почетокот на премиерата беше поместен еден час порано за да им се овозможи на актерите да се појават на црвениот тепих пред објавувањето на одлуката на комитетот на САГ, објави новинската агенција „Асошиетед прес“.

Премиерата започна нешто пред 17 часот, а публицистите и шефовите на маркетинг нервозно ги проверуваа своите телефони и часовници, пренесува „Вараети“.

Националниот совет на САГ-АФТРА во четвртокот гласаше едногласно за штрајк против студијата и дистрибутерите, соопшти Данкан Кребтри-Ајрленд, претседател на синдикатот кој претставува 160.000 актери и други професионалци на големиот и малиот екран.

Овој потег внесе дополнителни превирања во забавната индустрија, која веќе се соочува со штрајк на сценаристите.

Синдикатот на холивудските актери објави дека официјално ќе стапи во штрајк од полноќ денес (9:00 часот по средноевропско време). Оваа одлука може целосно да го парализира Холивуд и да нанесе тежок удар на филмската индустрија, каде продукцијата на филмови и серии веќе е во застој поради штрајкот на сценаристите.

Холивудските актери објавија дека ќе им се придружат на сценаристите во штрајкот што трае веќе два месеца, со што филмската индустрија ќе се најде во целосен застој. Здружението на филмски, ТВ- и радио актери бара поправедна распределба на профитот од стримингот и подобри работни услови.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста