Утрински Весник
Магазин

Партнерката на Роберт де Ниро имала компликации по породувањето

Партнерката на Роберт де Ниро имала компликации по породувањето

Партнерката на Роберт де Ниро, Тифани Чен, откри дека претрпела постпородилни компликации откако ја родила ќерката Гиа.

dobivaj vesti na viber

45-годишната Тифани, која се породи во април, изјави за Гејл Кинг, водителка на утринската емисија на „Си-би-ес“ (CBS This Morning) дека мајчинството не поминало лесно.

Чен ги опиша компликациите со кои се соочува од породувањето во прво интервју откако го дочека нивното дете.

Де Ниро не даваше изјави откако стана татко по седми пат, освен што неодамна откри дека неговите шест постари деца допрва треба да ја запознаат неговата најмала ќерка.

Де Ниро и Чен ја дочекаа Гиа на 6 април.

Ѕвездата на „Кум“ е татко и на Дрина (51), Рафаел (46), близнаците Арон и Џулијан (27), Елиот (25) и Хелен (11).

Де Ниро во мај случајно откри дека станал татко по седми пат кога коригираше новинар кој го нарече татко на шест деца, на што актерот рече дека штотуку добил бебе.

Двојката живее заедно во Лос Анџелес, каде актерот има претрпан работен распоред, според „Пипл“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста