Утрински Весник
Свет

Бајден: Да сум на место на Пригожин би внимавал што јадам и што има на менито

Пригожин: Не знам дали „Вагнер“ ќе остане во Украина

Американскиот претседател, Џо Бајден изјави денеска дека основачот на руската приватна воена група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, може да е во животна опасност поради бунтот на Вагнер.

dobivaj vesti na viber

„Aко бев тој, би внимавал што јадам. Би внимавал на менито“, рече Бајден на прес-конференција во Хелсинки.

„Блумберг“ наведува дека шегата на Бајден алудирала на, како што се истакнува, „руските безбедносни служби кои користат нервни агенси и полониум за да ги убијат политичките непријатели на Владимир Путин“.

Бајден рече дека светските лидери на самитот на НАТО во Вилнус разговарале за незнаењето на моменталната локација на Пригожин и како бунтот може да влијае на руските операции во Украина и на иднината на Вагнер.

Претходно денес за судбината на Пригожин зборуваше и пензионираниот американски генерал Роберт Абрамс, некогашен командант на американските сили стационирани во Јужна Кореја, кој рече дека шефот на платеничката војска на Вагнерили е мртов или е во затвор, пишува Дејли Мејл.

Абрамс рече дека Пригожин најверојатно е мртов и дека јавноста најверојатно никогаш повеќе нема да го види.

„Или ќе биде испратен на некое тајно место или во затвор, а можно е да биде отстранет на некој друг начин. Се сомневам дека некогаш повторно ќе го видиме“, рече Абрамс.

Пензионираниот американски генерал рече дека не мисли дека Пригожин е жив. „Ако е, тој е некаде во затвор“, додаде Абрамс.

Пригожин некогаш беше еден од најблиските соработници на рускиот претседател Владимир Путин, но тоа се промени на крајот на јуни кога шефот на Вагнер изврши државен удар поради долгорочно несогласување со рускиот воен естаблишмент. По наводната интервенција на белорускиот претседател Александар Лукашенко, Пригожин се откажа од пучот.

Рускиот независен медиум „Проект“ во средата објави дека Пригожин го започнал пучот затоа што се лекувал од „рак на желудникот“ и дека верувал оти „нема што да загуби“.

Каде е Пригожин, не знае никој.

Можете да прочитате

Хамас вели дека се „подготвени“ за примирје во Газа по прекинот на огнот во Либан

Над седум милиони Американци ќе можат да добијат бесплатни лекови за прекумерна тежина

Марин Ле Пен може да предизвика огромна финансиска криза во Европа