Утрински Весник
Свет

Опозицијата ја одблокира говорницата, состојбата во косовскиот парламент по тепачката се смирува

Опозицијата ја одблокира говорницата, состојбата во косовскиот парламент по тепачката се смирува

Ситуацијата во косовското Собрание, која и во текот на попладневните часови беше тензична, полека се смирува, бидејќи вицепремиерот Бесник Бисљими ја напушти салата, по што пратениците на Демократската партија на Косово (ДПК) ја деблокираа говорницата, пишува „Косово онјалн“, пренесе „Блиц“.

dobivaj vesti na viber

Пратениците на ДПК, како и на Алијансата за иднината на Косово, во продолжението на седницата побараа седницата да биде прекината, по денешните инциденти.

Претседателот на Собранието, Глаукус Коњуфца, ги предупреди да ја напуштат седницата, откако одбија да се оддалечат од собраниската говорница, која во знак на протест ја блокираа околу два часа.

Кога Бисљими си замина, тие се повлекоа.

Пратеничката на ДПК, Елиза Хоџа рече дека со излегувањето на Бисљими од салата нивното барање е исполнето и седницата може да продолжи.

Така, седницата полека почна да се нормализира, разгледувајќи амандмани согласно дневниот ред, а неколку предлог-закони беа усвоени само со гласовите на Самоопределување.

По Бисљими, пленумот го напушти и министерот Хекуран Мурати.

На денешната седница на Собранието на Косово дојде до физичка пресметка меѓу пратеници, а премиерот Аљбин Курти беше погоден со шишие со вода.

Обвинителството во Приштина покрена истрага.

 

Можете да прочитате

Русија упати предупредување до Јужна Кореја: „Воздржете се од непромислени чекори“

Експлозија во рафинерија за нафта во Турција

Лами: Британија не испраќа војници во Украина