Утрински Весник
Култура

Министерката за култура да си поднесе оставка и да им се извини на угостителите, бара ВМРО-ДПМНЕ

Министерката за култура да си поднесе оставка и да им се извини на угостителите, бара ВМРО-ДПМНЕ

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во своето обраќање на 63. Фестивал „Охридско лето“ крајно безобразно и некултурно ги навреди не само угостителите, туку и охриѓани, оцени ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Опозициската партија ја повика Костадиновска-Стојчевска да им се извини на угостителите и да си поднесе оставка.

Реакцијата следи откако вчера министерката на отворањето на фестивалот рече: „Угостителите да не им наплатуваат како да треба да платат воена отштета или некои други ненамерни долгови од векови наназад“.

ВМРО-ДПМНЕ ја прашува министерката како може да ги потценува угостителите и нивните угостителски капацитети и услуги кон туристите.

„Со што им помогнавте како Влада и Министерство, па сега уште и да ги навредувате за цените кои се формираат врз основа на многу фактори? Не Министерке. Ако имавте малку чест тогаш овие зборови ќе допреа до Вашата совест и никогаш немаше да ги изговорите. Како се грижите за културата кога годинава за „Охридско лето“ одобривте 2 000 000 денари помалку од минатата година за реализација на програмата? Што направивте како Министерка за култура за летната сезона да трае подолго време?“, прашуваат од партијата.

Од тука до министерката упатија прашање и до каде се археолошките ископувања на Самуиловата тврдина и активностите на локалитетот Плаошник.

Според партијата, Костадиновска-Стојчевска ја свела културата на најниско ниво.

 

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“