Утрински Весник
Свет
Img 7972

(Видео) Силен пожар беснее во Хрватска: во опасност се куќи, луѓе бегаат во паника

(Видео) Силен пожар беснее во Хрватска: во опасност се куќи, луѓе бегаат во паника
300x250 opst2

Силниот ветар го отежнува гаснењето на големиот пожар што избувна во градот Горњи Бановци кај Гребаштица во Шибеничко-книнската жупанија. На терен се 79 пожарникари со 28 возила, а шест авиони го гаснат пожарот.

dobivaj vesti na viber

Се наведува дека поради пожарот бил затворен дел од Јадранската магистрала за да им се овозможи на пожарникарите непречено да работат, а се очекува да полетаат уште противпожарни авиони.

Пожарот се доближил до куќите поради што превентивно се евакуирани две семејства.

На семејство од Германија им изгоре автомобилот, но тие се безбедни.

„Луѓето бегаат од станот, но не знаат каде да бегаат. Паника е, сè мириса и ништо не се гледа од чадот“, вели жител на опожарениот регион.

Можете да прочитате

Синоптичарите алармираат: Европа пред најстудената зима во последните години

Трагедија: Мајка ја удавила својата двегодишна ќерка, па се јавила во полиција и лажела

Мерц: Путин води хибридна војна против Германија, сака да не заплаши и да ни всади страв