Утрински Весник
Македонија

Спасовски: „Борбата против криминалот не е лесна, тука нема ни браќа, ни сестри, секој мора да излезе пред лицето на правдата“

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски да не го заташкува случајот со дивеењето на синот на неговиот заменик

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во објава на социјалните мрежи со статус дека борбата против криминалот и корупција не е лесна никаде во светот, дури и во најразвиените демократски држави.

dobivaj vesti na viber

Потсетува на еден од најголемите американски претседатели Рузвелт, кој рекол – ‘Aко беше лесно немаше да вреди’.

„И оваа битка којашто ја имаме против криминалот и корупцијата не е лесна, меѓутоа е вредно да се бориме против нив и да создадеме услови за развој на општеството, за такво какво што го посакуваат и, пред сѐ, заслужуваат граѓаните на државата. За кој сака нека се работи, тука нема ни внуци, ни браќа, ни сестри, ни функционери…. Не сакам да се создава илузија во јавноста дека некој заради тоа што е поврзан со врвот на власт или е во самиот врв на власта – нема да одговора. Секој еден којшто прави криминал, кој со умисла сака да биде дел од криминални структури и преку корупција да ја уништува државата, мора да излезе пред лицето на правдата и во тоа сме силно решени“, порачува Спасовски.

Додава дека системот за борба против корупција е комплексен. Тоа, како што вели, не е една институција, но граѓаните сакаат да го видат крајниот исход – дали тој што е криминалец и утврдил судот дека е криминалец – ќе ја изврши санкцијата, дали ќе се конфискува нелегалниот имот.

„Дали зајакнува системот?! Да, зајакнува. Тој систем не е ист систем како до 2017. Дали треба да биде подобар? Да, треба да биде уште подобар и да градиме сите доверба во институциите“, посочува Спасовски во напишаното.

Можете да прочитате

Министерството за економија ја „спакува“ новогодишната кошничка

Владиката Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот