Утрински Весник
Македонија

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа во Гостивар

Tешко повреден малолетник во сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл и патничко возило

Вчеравечер, во 23 часот, во СВР Тетово било пријавено дека на улицата Браќа Ѓиновски во Гостивар се случила сообраќајна несреќа, во која учествувале патничко моторно возило „опел“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот С. М. од гостиварска Горна Бањица, и мотоцикл, без регистарски ознаки, што го управувал 27-годишниот гостиварец М. З.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата возачот на мотоциклот добил  тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде што бил пренесен за укажување лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот на СДС повторно се противат на европски проекти, а национален дата центар е обврска од Реформската агенда со ЕУ 

Патриотизмот не е парола, туку одговорност

СТАНОВИТЕ СТАНАА ЛУКСУЗ: Скопје поскапува, а во Европа квадрат чини и над 22.000 евра