Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Исчезнато 15-годишно момче од Чаир

Исчезнато 15-годишно момче од Чаир
300x250 opst2

Петнаесетгодишнниот Фазли исчезнал вчера во скопската населба, Чаир.

dobivaj vesti na viber

Момчето последен пат било видено од семејството околу 16 часот вчера напладне, а во моментот на исчезнувањето носело црни фармерки и портокалова маица.

Блиските на момчето за „Макфакс“ велат дека вчера му бил исклучен телефонот, а утрово околу 9 часот повторно му бил вклучен, но не успеале да остварат контакт со него.

Еден час подоцна, односно околу 10 часот утрово, велат роднините, добиле дојава дека Фазли бил виден во џамија во Долно Коњаре, но се’ уште не успеале да го пронајдат.

Блиските на момчето оставија и телефон за контакт за сите оние кои имаат информации што се случило со момчето.

„Од вчера во 16:00 часот ова момче го нема, се вика Фазли Фатлиу има 15 години, носи портокалова маица и црни фармерки! Ве молиме да не информирате доколку сте го виделе некаде, контакт: 071 289 129“, велат роднините.

Случајот бил пријавен и во МВР.

„Ноќва (12.07.2023) во 02.00 часот во Полициската станица Бит Пазар Л.Ф.(49) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот малолетен син Ф.Ф.(15). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, велат од МВР за „Макфакс“.

Можете да прочитате

Мицкоски ги повика кумановци да гласаат за Максим Димитриевски

37 обвинети, 33 адвокати и 250 оштетени судењето за „Пулс“ ќе биде правен маратон

Забрчанец: Дали Мицкоски се правда или бара мандат кој ќе трае со децении?