Утрински Весник
Македонија

Претрес во Битола, пронајдени дрога и муниција, приведени две лица

Претреси во Битола, пронајдени пиштол, муниција, украдени предмети

Полициски службеници од криминалистичката полиција во содејство со полициската станица од општа надлежност Битола вчера ги лишија од слобода М.Ј. и Ј.Б., двете лица од Битола, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

– Имено, при претрес извршен со наредба од Основен суд Битола во дом и помошни простории кај М.Ј. од Битола, биле пронајдени и одземени амфетамин, три дигитални ваги со остатоци од дрога, рамка од пиштол наполнет со 8 куршуми, 79 куршуми од непознат калибар, 35 маневарски куршуми, грутчеста материја, пакет со распрскувачки капси за сигнален пиштол. Малку подоцна, приведена е и Ј.Б.(34), бидејќи по преземени мерки и активности е утврдено дека е поврзана со пронајдената дрога при претресот, соопшти МВР.

Лицата се приведени во полициска станица Битола и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени пријави по член 396 и по член 215 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Заев ни тогаш, ни сега ги негираат снимките на кои Давидовиќ – Дака вели дека на Заев му дал 300.000 евра

Филипче: Мицкоски со лага за името дојде на власт

Колку поскапо треба да платат граѓаните за Мицкоски да преземе мерки?