Утрински Весник
Македонија

Османи од Вилнус: „Членството во НАТО и ЕУ ја гарантира регионалната и европската безбедност“

Османи од Вилнус: „Членството во НАТО и ЕУ ја гарантира регионалната и европската безбедност“

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, учествуваше на Состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Алијансата, што се одржа во рамки на НАТО Самитот, во Вилнус, известува МНР.

dobivaj vesti na viber

Состанокот се одржа во светло на постигнатиот политички договор со кој Шведска се приклучува кон трансатлантското семејство, продолжувајќи го патот до полноправно членство како 32 земја членка на Алијансата. Ваквиот чекор ќе придонесе за понатамошното зајакнување на НАТО и гарантирањето долгорочна безбедност и стабилност на Евро-атлантскиот регион.

Воедно, беше нагласено значењето на политиката на отворени врати на НАТО, при што Османи истакна дека истата мора да продолжи; од Западниот Балкан, со што ќе се заокружи евроатлантската ориентација на Балканот, па сѐ до Украина, која во момнетов ја поднесува најголемата жртва во одбраната на принципите на Алијансата.

На состанокот, на кој учествуваа високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борељ, како и министрите за надворешни работи на земјите партнери изложени на ризик – Босна и Херцеговина, Грузија и Молдова, беше нагласено дека најсилна гаранција за регионалната и европската стабилност претставува членството во НАТО и Европската Унија, соопштува МНР.

„Силната поврзаност и соработката меѓу НАТО и ЕУ е особено значајна за стабилноста на нашиот регион, но и на целокупниот европски континент. Заеднички и посветено треба да работиме на забрзување на европските и евро-атлантските интегративни процеси на земјите од Западен Балкан како значајна алатка за зајакнување на регионалната безбедност, особено во актуелниот геополитичкиот контекст“, нагласи Османи.

Воедно, министрите ја потврдија подготвеноста за натамошна поддршка и соработка на НАТО со земјите партнери изложени на ризик, со цел зајакнување на нивната отпорност, на линија на одлуките усвоени на минатогодишниот Самит во Мадрид. Министерот Османи ја реафирмираше нашата цврста политичка поддршка за нивната независност, суверенитет и територијален интегритет, како и спремност за практична помош.

Сојузниците уште еднаш ја нагласија осудата на руската воена агресија, како и силната обединетост и единство во однос на поддршката за Украина, нагласувајќи ги заложбите за зголемување на долгорочната практична помош и поддршка на земјата, што ќе овозможи идна целосна интероперабилност со НАТО земјите членки, се додава во соопштението на МНР.

Можете да прочитате

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи