Утрински Весник
Економија

МЗШВ: Владата ги прифати новите мерки за поддршка на производителите на пченица, јачмен и ориз

МЗШВ: Владата ги прифати новите мерки за поддршка на производителите  на пченица, јачмен и ориз

По предлог на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на денешната седница ги усвои предложените мерки за поддршка на производителите на јачмен, пченица и ориз.

dobivaj vesti na viber

„Со измени на Уредбата за директни плаќања креираме мерка, дополнителна субвенција, за остварено производство на јачмен во вредност од 12.000 денари по хектар, без скалесто субвенционирање. Мерка наменета за производителите на јачмен, кои оствариле минимален принос од 3.000 кг/ха и кои своето производство го имаат продадено кај регистрирани откупувачи, или складирано во регистрирани објекти, продадено на домашни фарми, или пак производството го искористиле во сопствените фарми во период до 31 август 2023 година“, се истакнува во соопштението од министерството

Преку измени во Програмата за директни плаќања кај мерката 7 се зголемува поддршката и се зголемува рокот за предавање во складишни капацитети на производството од пченица и јачмен, кој наместо од 1 август, ќе почнува од 15-ти јуни и ќе трае до 1 септември 2023 година. „Ваквата измена е со цел да ги опфатиме и оние земјоделци кои досега веќе го предале своето производство. Сите земјоделци кои ќе го предадат производството на складирање заклучно со 1 септември ќе можат да добијат финансиска поддршка за целиот период, додека количините се во складиштата, односно до крајот на годината. Преку измените кај оваа мерка се зголемува и финасиската поддршката која од 500.000 денари се згулемува на 1.500.000 денари по корисник“, истакнуваат од МЗШВ.

Нова мерка за подршка е донесена и за проиводителите на ориз, менувајќи ја подмерката 1.2 од Уредбата за директни плаќања. Преку измените висината на дополнителни директни плаќања за ориз изнесува 12.000 денари по хектар без употреба на сертифициран семенски материјал, а 19.000 денари по хектар со употреба на сертифициран семенски материјал. Сите земјоделци кои имаат засеано површини со ориз, со сертифициран семенски материјал, доказите за набавка на истиот треба да ги достават до подрачните единици на МЗШВ, каде што имаат поднесено барање за финансиска поддршка, најдоцна до 14 јули.

Мерките кои Владата ги усвои на денешната седница претставуваат континуитетот во подршката на домашното прозиводство, што е и главната цел на Националниот план за производство на храна, што беше донесен минатата година.

Можете да прочитате

Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година

Седница на Советот на Народната банка: Централната банка дава значаен придонес во евроинтегративните процеси на земјата

Последни два дена за амандманска расправа за Предлог-Буџетот за 2025 на матичната собраниска Комисија