Утрински Весник
Македонија

Каевски: За хаосот со ѓубрето во Скопје одговорноста е кај Мицкоски и кај градоначалниците на ДПМНЕ

Каевски: За хаосот со ѓубрето во Скопје одговорноста е кај Мицкоски и кај градоначалниците на ДПМНЕ

„Поради неспособноста на ДПМНЕ и кадрите на Мицкоски, Скопје со денови буквално се дави во ѓубре. Преполни контејнери, нехигиена и диви депонии. Видете зад мене, каде што шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски даваше изјава во Радишани“, вели Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Купови смет во близина на детска градинка, трговски центар, среде населба. Еколошка катастрофа, која може да стане извор на зарази. Ова што Мицкоски и ДПМНЕ им го направија на скопјани и на Скопје е срамно и тажно во исто време. Секогаш, ама секогаш кога ДПМНЕ ќе добие глас од граѓаните да биде власт, се случува хаос“, обвинува Каевски.

Според портпаролот на СДСМ, градоначалниците на ДПМНЕ во Скопје се најнеспособната локална власт досега.

„Мицкоски ги излажа скопјани, бараше гласови за Арсовска и ја промовира за најдобра менаџерка и вистинска мајка и тој е директно одговорен за ова што се случува. Наместо модерно Скопје, како што Мицкоски и ДПМНЕ ветуваа пред скопјани кога бараа гласови од нив, на главниот град му приредија уште една катастрофа“, рече Каевски.

„До толку се неспособни градоначалниците на ДПМНЕ и кадрите на Мицкоски, што со едно ѓубре не може да излезат на крај.

Какво модерно Скопје, каков развој. ДПМНЕ и Мицкоски го претворија Скопје во депонија.

Хаос имаше и со градскиот превоз, нема проекти, нема развој, ДПМНЕ од Скопје направи нечист, загаден и нефункционален град.

Одговорноста е директно кај шпицниот Мицкоски и неговите кадри од ДПМНЕ“, додаде Каевски.

Можете да прочитате

СДСМ: Божиновска и Мицкоски да кажат каде се 1 милион евра?

Димитриевски: МАНУ им припаѓа на сите

ВМРО-ДПМНЕ: Од кога долг кон компанија е кривично дело?