Утрински Весник
Македонија

Влада: Имаме 100% активна транспарентност и во 2023 година, заедно со Министерството за одбрана

Влада: Одлуката на Судот во Стразбур е во корист на државата

Владата на Република Северна Македонија преку соопштение посочи дека и оваа 2023 година бележи максимална 100-процентна активна транспарентност на европските стандарди во државата, по патот на европските интеграции.

dobivaj vesti na viber

„Истражувањето за Индексот на активна транспарентност на институциите, што редовно го спроведува невладиното здружение Центар за граѓански комуникации покажува дека и во 2023 година, како и во 2022 година, Владата има 100 проценти, односно ги објавува сите предвидени информации од активната транспарентност.

Стопроцентна активна транспарентност годинава одржува и Министерството за одбрана.

Подобрена е севкупната активна транспарентност на Владата и министерствата којашто годинава изнесува 86 проценти.

При тоа, високо ниво на активна транспарентност, е регистрирана кај голем дел од министерствата како кај Министерството за финансии, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за економија, Министерство за транспорт и врски и други“, велат од Владата.

Според нив, податоците од истражувањето на Центарот за граѓански комуникации за активната транспарентност на Владата и министерствата покажуваат фискална транспарентност, подобра информираност на граѓаните и компаниите како јавните институции ги наменуваат средствата собрани од даноците, јасна определеност кон борбата против корупцијата, а сето ова ја зголемува довербата во институциите и влијае на економскиот раст.

„Транспарентноста и отчетноста се еден од темелите на коишто е поставена Владата и ќе продолжиме да работиме фокусирано за европски квалитет на услуги и живот во нашата држава“, дополнуваат од Владата.

Можете да прочитате

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ И СИЛЕН ВЕТЕР (НАД 90 КМ/ЧАС): Во текот на претстојната ноќ и утре (сабота) претпладне ладен бран од север ќе услови да имаме врнежи од снег!

ВЛЕН: 116 години од албанската азбука – Овој голем ден се одбележува и на владина седница!

Спасовски: Честит 22 Ноември – Ден на албанската азбука!