Утрински Весник
Македонија

Приведен криумчар од Гевгелија, пронајдени пет лица мигранти

Приведен криумчар од Гевгелија, пронајдени пет лица мигранти
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Вчера вечер во 19.20 часот на регионален пат 1102 село Прдејци – село Смоквица од полициски службеници од Полициска станица Богородица при Регионален центар за гранични работи „Југ“ е лишен од слобода 41-годишниот Н.Г. од Гевгелија, затоа што во патничко моторно возило „бмв 120“ со струмички регистарски ознаки, превезувал пет лица илегални мигранти од Сирија, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

– Увид на местото на настанот извршила екипа од Регионален центар за гранични работи „Југ“. Лицата мигранти се сместени во Прифатно-транзитен центар Винојуг – Гевгелија за понатамошна постапка, соопшти МВР.

За настанот е известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Пронајден планинарот по кој се трагаше на Пелистер

ЦУК: Сообраќајки, замрзнати улици, активиран Кризен штаб по падот на температурите

Мицкоски: Од новиот државен јавен обвинител очекувам немилосрдно да застане на страната на правдата