Утрински Весник
Магазин

Децата на Рајан Гослинг мислеле дека е чудно да го глуми Кен во „Барби“

Децата на Рајан Гослинг мислеле дека е чудно да го глуми Кен во „Барби“
Dik 300x250 mk

Рајан Гослинг се појавува покрај Маргот Роби во новиот филм на Грета Гервиг за култната кукла, а актерот, кој има две мали ќерки со партнерката Ева Мендес, призна дека на неговите девојчиња им било чудно што татко им го глуми машкиот придружник на Барби.

dobivaj vesti na viber

На премиерата на „Барби“ во Лос Анџелес во неделата Рајан беше запрашан дали ќе им го покаже филмот на своите деца.

„Па, мислам дека беше доволно чудно за нив дека го портретирам Кен. Можеби ќе причекам некое време да ја видат целата енергија на Кен“, изјави тој за „Е-тонлајн“.

Сепак, Рајан призна дека Есмералда (8) и Амада (7) виделе некои работи од филмот и тие му помогнале да ја усоврши улогата.

„Тие видоа неколку делови од филмот и многу ми помогнаа со тоа. Беа голема инспирација за мене“, додаде тој.

Тој искажа пофални зборови и за својата колешка Маргот, која е една од продуцентите на филмот, нагласувајќи дека таа помогнала да се оживее саканата кукла.

„Барби“ пристигнува во кината на 21 јули.

Можете да прочитате

Три хороскопски знаци што привлекуваат богатство без многу труд

Ватс ап стигна и на Ејпл Воч

Денеска се празнува Митровден – 24info.mk